Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одобрено и второто обвинение за трагедијата во „Пулс“, на „реалниот сопственик“ ќе му суди судијката Биљана Смаќовска
Македонија

Одобрено и второто обвинение за трагедијата во „Пулс“, на „реалниот сопственик“ ќе му суди судијката Биљана Смаќовска

17/10/2025

AA

Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри и второто обвинение поврзано со трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, кое се однесува на едно лице идентификувано како „реален сопственик“ на фирмата за обезбедување. Предметот е веќе распределен на понатамошно постапување кај судијката Биљана Смаќовска.

Според соопштението на судот, Советот за оценка на обвинителен акт донел решение со кое целосно го прифаќа актот поднесен на 4 септември против лицето А.Н.. Како што претходно информираше Јавното обвинителство, станува збор за одговорното лице и реален сопственик на правното лице „Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН“. Тој се товари за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“.

Со одобрувањето на актот, формиран е нов кривично-правен предмет со број К.бр. 1970/25, кој преку автоматскиот АКМИС-систем е распределен кај судијката Смаќовска.

Ова е втор предмет за трагедијата во Кочани, откако претходно беше одобрено и првото, групно обвинение против 34 физички и три правни лица, кое беше доделено кај судијката Диана Груевска Илиевска.

Од Основниот кривичен суд најавуваат дека јавноста и странките ќе бидат навремено известени за сите понатамошни чекори во постапката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy