Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одмор како суво злато: 19 квадрати луксузен простор на поткровје чини „многу малку“
Регион

Одмор како суво злато: 19 квадрати луксузен простор на поткровје чини „многу малку“

21/04/2023

AA

Во пресрет на уште една летна сезона, може ли да се надеваме на некое „заладување“ на цените?

Летото е пред самиот агол, а одморите на популарните дестинации за нашите туристи, како Грција, Црна Гора, Хрватска, веќе многу се резервираат, пишува „Телеграф бизнис“.

Почнавме навреме да ги проверуваме цените, а тргнуваме од еден од најскапите градови во регионот, на кој често се гледа како на „параметар“ за односот меѓу цените и услугите – од сезона во сезона.

Доколку се случи Дубровник да ги „олади“ цените, голема е веројатноста дека тој тренд ќе го следат и други популарни локации на Јадранот. Сепак, судејќи по моменталните цени од Букинг, од тоа нема ништо и годинава.

Имено, ја избравме категоријата сместување „стан“, без да наведеме луксузни содржини (СПА, фитнес центар, внатрешен базен, џакузи и сл.), а самата шпиц сезона – од 15 до 21 јули, односно период од 6 ноќевања/ 7 на ден за две лица.

Се фокусиравме на стариот дел од градот, кој важи за најбараниот и најатрактивен, но и најскап.

Како што пишуваат српските медиуми за солидно наместен стан од 45 квадрати, во Улица Палмотиќева, треба да издвоите дури 114.000 динари, што е намалена цена во однос на редовните 220.000 динари. Ова изразено во денари би било половина цена, или 77.000 денари по намалена цена, односно 110 илјади денари по редовна цена.

Во улицата Бошковиќева нудат прекрасен стан, но и солидно уреден (не претерано модерен и луксузен), за 120.000 динари во овој период, за шест ноќевања за двајца возрасни.

Цените одат и до 188.000 динари за малку поелегантен стан од 64 метри квадратни, а интересно е што нудат простор од само 12 метри квадратни за дури 169.000 динари.

Тоа е мала соба на поткровјето, во Улица Замањина, со бања.

Не е невообичаено да се издаваат станови од оваа големина, кои всушност се соби, бидејќи побарувачката за сместување во Дубровник секоја година се зголемува. Затоа, често ќе наидете на простори од околу 20 квадратни метри.

На пример, во улицата Ѓура Баглива се издава 21 м2 по цена од 109.000 денари, како и 19 квадрати луксузен простор на поткровје, на улица Наљешковиќева, за дури 154.000 динари.

Сите цени се во српски динари, и се скоро половина кога ќе се претворат во денари. 

Сепак, треба да се напомене дека се работи за извонредно опремен стан, многу луксузен и во минималистички стил, кој ги задоволува повеќето барања на светските туристи.

Фото: Принтскрин/ Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy