
Одлуката за изведувач на Универзалната сала ќе биде донесена во понеделник
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера информираше дека одлуката за избор на изведувач на Универзалната сала ќе биде донесена в понеделник, но ќе се мора почитувaт рокот од осум дена за поднесување жалба.
Како што појасни министерот, едната постапка е завршена, додека втората е во фаза на евалуација.
„Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник“, рече Љутков.
Во врска со пресудите за платите во културата, министерот нагласи дека неговиот став останува непроменет.
„Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд; некој друг веројатно ги добива пред институциите. Институциите не информираат кога ќе стигнат до нас, но знам дека пред три дена, една од првостепените одлуки од Битола беше обжалена, и Апелација одлучи во корист на институцијата“, посочи Љутков.
Министерот истакна дека процесот за избор на изведувач е транспарентен и дека сите постапки се во согласност со законските рокови и процедури.

