
Одложено плаќањето за влез во ЕУ
Европската унија повторно го одложи датумот на започнување на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ETИАС), со кој секој патник за посета на земја-членка од Унијата ќе требаше да плаќа 7 евра.
Овој систем требаше да стане оперативен до средината на 2024 година, а сега потврдено е дека датумот на започнување на новите правила за патување ќе биде одложен до мај 2025 година, со можност тој рок повторно да се одложи.
Како што се претпоставува засега, причината е што системот за безбедност на границите на ЕУ, таканаречениот EEС или автоматизираниот ИТ систем кој во иднина ќе регистрира патници од трети земји секогаш кога ќе ја преминат надворешната граница на ЕУ, не се подготвени, објави Политика рс.
Кога ќе почне да функционира, околу 1,4 милијарди луѓе од повеќе од 60 земји ќе мора да аплицираат за „инстант визи“ или овластувања за патување пред да заминат во ЕУ. Патниците од земји кои не се членки на ЕУ од тој момент ќе треба да аплицираат за дозвола, која ќе чини околу седум евра.
Оваа одлука е олеснување и за туристите, бидејќи секоја година најмалку половина милион наши граѓани летуваат во соседна Грција, а која потпаѓа под одлуката за европска „инстант виза“.