Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛОЖЕНО Е ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ОТВОРАЊЕ СТЕЧАЈ ВРЗ „БЕТОН“ – целта е да се исплатат заостанатите плати
Економија

ОДЛОЖЕНО Е ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ОТВОРАЊЕ СТЕЧАЈ ВРЗ „БЕТОН“ – целта е да се исплатат заостанатите плати

17/02/2023

AA

Денешното рочиште за отворање стечај врз градежната компанија „Бетон“ е одложено, бидејќи тоа го барал привремениот стечаен управник на компанијата.

За ова информиира Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде велат дека одложувањето е со цел да се исплатат заостанатите плати. 

Оттаму велат дека работниците до крај ќе ја тераат постапката за отворање стечај, како би ги добиле своите шест заостанати плати. 

„Денешното рочиште по Предлогот за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот поднесен од страна на Синдикатот за градежништо, индустрија и проектирање, односно во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје до Основниот граѓански суд Скопје, е одложено, по барање на привремениот стечаен управник, за да се исплатат заостанатите плати на вработените за кои е покрената постапката со Предлогот за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот. Рочиштето е одложено за 17 март оваа година.

Работодавачот ДГ Бетон АД Скопје веќе шести месец нема исплатено плата, а сметката на компанијата е затворена односно боликирана повеќе од 45 дена, што е доволен основ за отварање на стечај на работодавачот и материјално обезбедување на работниците“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Оттаму нагласуваат дека работниците се одлучни да ја водат постапката до крај за да ги добијат нивните плати, а доколку е потребно и доколку или судот или привремениот стечаен управник се обидат да ги изиграат, друга група на вработени бара да се поведе и нова постапка и за овие шест месеци неисплатена плата кон нив, а за што се спремни да поднесат и нов Предлог за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот.

„Синдикатот за градежништо, индустрија и проектирање на Република Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија целосно стојат позади вработените за истите да ги остварат нивните работнички правата и на овој начин. Со постапката која е веќе започната, работодавачот е принуден и веќе започна да исплаќа дел од заостанатите плати. Ги охрабруваме работниците да го контактираат Синдикатот за сите заедно, а не поединечно да ги остварат нивните работнички права“, нагласуваат од ССМ во своето соопштение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy