Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“, ДОБИВКАТА НАДМИНА 17 МИЛИОНИ ЕВРА! Колкава ќе биде дивидендата?
Економија

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“, ДОБИВКАТА НАДМИНА 17 МИЛИОНИ ЕВРА! Колкава ќе биде дивидендата?

03/03/2025

AA

Добивката на „Макпетрол“ за 2024 година е микс на два генератори на приходи. Прво, успешната оптимизација на менаџментот во работата на компанијата што ја зголеми оперативната добивка за 37 отсто во однос на 2023 година. Второ, голем раст на финансиските приходи (пред се од дивиденди на вложувања во акции) што најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати ги поседува, пред се, во ОИЛКО и во Комерцијална банка. Остварената добивка остава простор акционерите, кои во најголем дел се и вработени во „Макпетрол“, годинава да очекуваат дивиденда што ќе биде рекордна односно највисока во нивната досегашна корпоративна историја

Најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ лани оствари одличен финансиски резултат. Добивката за 2024 година изнесува 17,26 милиони евра и е за 38 отсто повисока од профитот во претходната година. И овој резултат е остварен во услови кога приходите од продажба се зголемени за 2 отсто, а вкупните оперативни трошоци се задржани на исто ниво од претходната година.

Вкупните приходи од продажба на „Макпетрол“ лани изнесуваат 497,6 милиони евра, а од тоа 491 милиони евра се генерирани од македонскиот пазар за продажба на мало на нафтени деривати и на стоки за широка потрошувачка. Растот на приходи на домашниот пазар изнесува 3 отсто во споредба со претходната споредбена година.

При тоа вкупните оперативни расходи лани изнесуваат 486,4 милиони евра и се зголемени за само 1 отсто во однос на 2023 година. Овој резултат, во услови на објективно значајна инфлација, е успех на менаџментот и добро планирање и ефикасна реализација на плановите за работа.

При тоа вреди да се истакне дека „Макпетрол“ и лани водел грижа за своите вработени. За нив се исплатени 30,2 милиони евра и тоа е за 8 отсто повеќе во споредба со 2023 година.

Оперативната добивка изнесува 15,3 милиони евра, а нето разликата од финансиските приходи и расходи е 3,5 милиони евра. Овде вреди да се истакне дека значаен придонес на добивката даваат и финансиските приходи односно во најзначајна мерка дивидендата што „Макпетрол“ ја оствари пред се од своите акции во ОИЛКО и во „Комерцијална банка“. Вредноста на неговите вложувања во хартии од вредност на крај на 2024 година изнесува над 47 милиони евра.

„Макпетрол“ за добивката во 2024 година на државата и издвоил данок на добивка во вредност од 1,5 милиони евра.

Од билансот на состојба е евидентно дека „Макпетрол“ лани ја зголемил вредноста на главнината за 24 отсто во однос на 2023 година. Исто така и вредноста на резервите е зголемена за 20 отсто.

Вкупно вредноста на главнина и резерви изнесува 150 милиони евра и е зголемена за 19 отсто за период од една година.

Вреди да се истакне и тоа што „Макпетрол“ нема кредитни обврски ниту на краток ниту на долг рок. Неговите обврски спрема добавувачи на крај на декември 2024 година изнесувале 12,7 милиони евра, а останатите краткорочни обврски биле 9,5 милиони евра.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага

10/02/2026
Македонија

„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот

10/02/2026
Македонија

„Силен потрес“: Што значи магнитуда од 5 степени? – Се

10/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ Епицентарот е на

10/02/2026
Македонија

Скопските сеизмолози со први информации за земјотресот: Во Тетово и

10/02/2026
Македонија

4,9 степени по Рихтер! Силен земјотрес почувствуван низ Македонија

10/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ПРИФАТИМЕ ИЗДРЖАНИТЕ СУГЕСТИИ ЗА ЗАКОНОТ Најмалку 60 професори

10/02/2026
Македонија

Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41309
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага за гревовите на екипата на

10/02/2026

СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“, тврди поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на исказите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу во

„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот

10/02/2026

По силниот земјотрес што вечерва ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и

„Силен потрес“: Што значи магнитуда од 5 степени? – Се нишаат згради, луѓето бегаат надвор

10/02/2026

Земјотресот со јачина од речиси 5 степени според Рихтер, каков што беше регистриран вечерва, официјално се категоризира како „јак земјотрес“.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy