Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М-р Наташа Јаневска во „Бизнис-клуб“: „Младите може да успеат во Македонија и да бидат препознатливи на меѓународно ниво“
Економија

М-р Наташа Јаневска во „Бизнис-клуб“: „Младите може да успеат во Македонија и да бидат препознатливи на меѓународно ниво“

03/03/2025

AA

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гостинка кај претседателот Бранко Азески беше м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во Комората со долгогодишно искуство во областа на стручното образование и квалификацискиот систем. Таа се осврна на еден од најголемите предизвици што ја зафаќа македонската економија – одливот на младите.

Азески најави дека следниот проект на Комората ќе се фокусира на решавање на проблемот со одлив на мозоци, не само со спречување на нивното заминување, туку и со создавање услови за враќање назад во Македонија.

Јаневска нагласи дека за да се спречи одливот на кадар, неопходно е да се креираат нови работни места, да се обезбедат одредени даночни олеснувања за младите претприемачи и да се понудат грантови за стартапи. Многу млади имаат потенцијал и креативност, но им е потребна конкретна поддршка за да можат да отворат бизниси и да придонесат во економскиот раст.

„Пораката до младите е јасна – можат да бидат успешни и во Македонија, а притоа да бидат препознатливи и на меѓународно ниво. Затоа, активно работиме на тоа да ги поттикнеме учениците од основните училишта да се запишуваат во стручни училишта и да се поврзат со успешни менаџери кои токму тука изградиле кариера. Кога одиме и кога ги поттикнуваме младите да се запишуваат во стручни училишта, со нас доаѓа и менаџер кој завршил овде, кој е успешен, но и препознатлив во странство“, истакна Јаневска.

Во емисијата Јаневска потенцираше дека државата губи од три аспекти кога заминуваат младите: економски, демографски и социјален. Недостигот на работна сила ги намалува продуктивноста и ефикасноста, населението старее, а јавните финансии сè повеќе се насочуваат кон социјални трошоци наместо кон инвестиции во иднината. Единствен начин да се запре оваа тенденција е преку создавање подобри услови за работа и за живот, како и преку реформирање на јавната администрација за да стане подостапна и поефикасна.

Дополнително, Јаневска зборуваше и за напорите на Стопанската комора за унапредување на образованието и на квалитетот на практичната обука во земјава. Со зголемувањето на бројот на часовите за учење преку работа денес дуалните ученици поминуваат од 6 до 10 часа неделно во компаниите, што значително ги подобрува нивното искуство и подготвеноста за пазарот на трудот.

Во иднина еден од главните приоритети на Комората ќе биде признавањето на двегодишното стручно образование како задолжително образование, што ќе им овозможи на учениците по завршувањето втора година да добијат диплома и да изберат дали директно ќе се вработат или ќе продолжат со образованието.

„Имавме сериозен проблем со Законот за стручно образование. Учениците кои завршуваа двегодишно стручно образование не можеа да влезат на пазарот на трудот бидејќи тоа не се сметаше за завршено средно образование. Сега, со новите законски измени, работиме на тоа овие ученици веднаш да добијат квалификација и можност за вработување, но и проодност за продолжување на образованието“, потенцираше Јаневска.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/doz9rHU5HgY?si=XLRBQK9V-pltmSDf

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски

18/01/2026
Македонија

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Најстудено денеска на Попова Шапка, -1 степен

18/01/2026

Македонија

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на

18/01/2026
Македонија

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

18/01/2026
Македонија

28-годишен битолчанец ја истепал својата 79-годишна баба која претрпела тешки

18/01/2026
Македонија

АКО СЕ ПОВЛЕЧЕТЕ, ДРУГ ЌЕ ГО ПОПОЛНИ МЕСТОТО Не останува

18/01/2026
Македонија

Мицкоски обвинува за „мафијашки упади“ за време на вонредната состојба,

18/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40326
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски на изјавата на премиерот Мицкоски

18/01/2026

Уставниот суд уште пред повеќе од 5 години потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот, а

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Попладнево се спроведуваат претреси кај судијата Ѓоко Ристов, кој суди во Апелациониот суд во Скопје. Информацијата e потврдена од Обвинителството

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на лекар поради вдишување чад

18/01/2026

Во СВР Велес вчера во 10.45 часот е пријавено дека настанал пожар во свињарската фарма на правно лице, во село

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy