Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ТУРКИШ ЕРЛАЈНС, ТРИ НОВИ СЕЗОНСКИ ЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Ќе имаме летови мај-септември до Анкара, Мерсин и Дијарбакир
Економија

ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ТУРКИШ ЕРЛАЈНС, ТРИ НОВИ СЕЗОНСКИ ЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Ќе имаме летови мај-септември до Анкара, Мерсин и Дијарбакир

25/05/2025

AA

Нискобуџетната подружница на Turkish Airlines – AJet ќе
воведе три нови сезонски летни линии до Скопје. Превозникот ќе започне со
летови од Анкара, Мерсин и Дијарбакир, со што ќе ги надополни постоечките линии
од Истанбул – аеродром Сабиха Гокчен. Летовите од Анкара ќе започнат на 31 мај
и ќе се одвиваат еднаш неделно до 13 септември. Линијата од аеродромот Чукурова
во Мерсин, кој ги опслужува и градовите Мерсин и Адана, ќе започне еден ден
подоцна, на 1 јуни. Првично, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, а од 25
јуни ќе се зголемат на два пати неделно, сѐ до завршувањето на сезоната на 28
септември. На крајот, превозникот ќе воведе и неделен лет од Дијарбакир до
македонската престолнина, што ќе се одвива од 29 јуни до 31 август. Билетите
веќе се достапни за купување преку веб-страницата на авиокомпанијата.

AJet нема конкуренција на ниту една од трите нови линии. Мерсин,
пристанишен град во јужна Турција на брегот на Средоземното Море, има население
од нешто над еден милион жители. Од друга страна, Дијарбакир е најголемиот град
со курдско мнозинство во земјата, сместен на југоистокот. Ова ќе биде првпат и
за двата града да бидат поврзани со град од поранешна Југославија со редовна
авионска линија. Сите летови меѓу Анкара и Скопје се планирани да се одвиваат
со авион Boeing 737-800, освен две ротации, кои ќе се реализираат со B737 MAX 8.
Авиокомпанијата ќе го користи моделот B737-800 и за сите летови од Мерсин и
Дијарбакир до Скопје.

Трите нови линии ќе додадат вкупно 21.872 седишта на
македонскиот пазар ова лето. Во текот на шпицот на сезоната, AJet ќе има дури единаесет
летови неделно до Скопје. За разлика од минатата година, оваа сезона
превозникот веке не лета од Бодрум. Во тековната летна сезона, вкупно четири
авиокомпании нудат летови меѓу Турција и Скопје – покрај AJet, тоа се Turkish
Airlines, Pegasus Airlines и SunExpress. Со најновата експанзија, Скопје ова
лето ќе биде поврзано со рекордни шест турски аеродроми на редовна основа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy