Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Одговорност за „дивото месо“ во здравството ќе има, со име и презиме“ порача Мизрахи
Македонија

„Одговорност за „дивото месо“ во здравството ќе има, со име и презиме“ порача Мизрахи

03/11/2023

AA

Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Таа нагласи дека се работи за нови информации и сознанија од кои се јасни три работи.

„Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.

Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни количини лекови за суми кои се изразени во милиони евра.

Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба понатаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе“ рече таа.

Мизрахи обвини дека дивото месо е длабоко вкоренето во здравствениот систем.

„Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.

Јавноста заслужува одговори.

Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават“ додаде таа.

Според неа, овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО.

Таа порача дека одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy