Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одгледувачите на канабис во Македонија ги губат лиценците, бизнисот им станува неисплатлив
Економија

Одгледувачите на канабис во Македонија ги губат лиценците, бизнисот им станува неисплатлив

04/05/2023

AA

Само во првите четири месеци од годината Влада одзеде десетина лиценци на компании за одгледување на канабис за медицински цели. Се работи за зачестена појава во изминатиот период, ако се знае дека претходно можеше да се случи една-две компании за одгледување на канабис да престанат со работа во текот на годината.

Само во текот на изминатиот април без лиценца останаа одгледувачите „Каноби“, „Кабеири“’, „Андерсон Леонард Фармацеутикал“, „Реј Грин“, „Канафилд“, „Крушево Веед Инт“, сите со седиште во Скопје, како и „Солидис Хербал“ од Струмица, „Грин Медикал Терапи“, од Чучер Сандево и „Беланџ“ од битолско Кравари. Претходно во текот на 2023 без лиценца останаа и „Гри&Био Фарм“ и „Греенго 2018“ од струшка Драслајца.

Иако неколку од оние на кои Владата им ги одзема претходно доделените одобренија за работа во медиумите беа поврзани со претходни полициски акции, Костадин Дуковски, претседател на здружението „Макканабис“, објаснува дека тоа е резултат на губење на бизнис интерес, затоа што власта не им овозможила на компаниите олеснувања во извозот.

– Владата не го оствари ветеното дека ќе се донесе Предлог-законот со кој ќе беше овозможено да се извезува цвет и овие фирми ја загубија секоја надеж. Тие сами пријавиле да им се одземе лиценцата или пак тоа Владата го прави автоматски штом претпријатијата ќе ги одјават вработените, вели Дуковски.

Изминатите години одгледувачите на канабис интензивно бараа од Владата со законска интервенција да дозволи извоз на цвет од канабис. „Макканабис“ предупредуваше дека има големи дневни загуби затоа што ја немаат оваа можност. Пораката беше дека на странски компании кои инвестирале милиони евра тоа им било ветувано повеќе пати.

– Во наредниот период очекувам во Македонија да останат да работат само уште десетина одгледувачи на канабис за медицински цели, но и тие ќе работат со неповолен економски резултат, изјави Дуковски.

Влада со одлука на минатогодишната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева. Подоцна тие за медиумите рекоа дека е загубен интересот и исплатливоста во работењето.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy