Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбраната тврди: Камбери немал законска обврска за инспекциски надзор
Македонија

Одбраната тврди: Камбери немал законска обврска за инспекциски надзор

10/12/2025

AA

Со излагање на воведните зборови на одбраната во судницата во Идризово, денеска продолжи главниот судски процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Адвокатскиот тим на обвинетиот Џеваир Камбери истакна дека нивната цел е, како што рекоа, „да се утврди вистинската одговорност, а не да се создава нова жртва“. Според нив, Камбери бил ставен во позиција на неправедно обвинет и „претворен во жртва на правни конструкции“.

Одбраната: Камбери немал законска обврска за инспекциски надзор

Адвокатите тврдат дека обвинителниот акт е заснован на погрешни претпоставки и оти Камбери немал никаква законска надлежност да врши теренски увид или контрола на безбедносните услови во угостителските објекти.

„Камбери имал исклучиво административна улога – обработка на барања за лиценци врз основа на поднесена документација. Министерството за економија не е инспекциски орган, а тој не е инспектор“, посочија одбраната, додавајќи дека Државниот пазарен инспекторат е тој што има надлежност за надзор.

Според нив, обвинувањата за пропусти во контролата се целосно правно неосновани и не можат да се доведат во причинско-последична врска со трагичниот настан.

„Клубот работел без важечка лиценца“

Одбраната посочи дека на денот на пожарот клубот работел без активна лиценца, што, според нив, целосно ја прекинува правната врска со какви било административни постапки на Камбери.

„Објектот работел нелегално, што претставува нерегистрирана дејност. Во комбинација со употребата на пиротехника во затворен простор, тоа е клучниот фактор за трагедијата“, истакна одбраната, додавајќи дека одговорноста е кај оние што дозволиле незаконско работење и користење пиротехника, како и кај инспекциските служби кои не постапиле навреме.

Оспорување на обвинувањата за поткуп и фалсификат

Камбери е обвинет и за два случаи на наводно примање поткуп. Одбраната тврди дека се работи за легални финансиски трансакции со јасно наведена цел и дека нема докази за противправно дејствие.

„Не постојат материјални докази, не се пронајдени средства, ниту се користени одбележани пари. Графолошкото вештачење не го поврзува Камбери со потписите, а тој не бил ниту овластен да чува печати на Министерството“, рекоа адвокатите, додавајќи дека обвинението се темели на „погрешни толкувања и претпоставки“.

За делото фалсификување исправи, одбраната најави дека ќе презентира „цврсто алиби“ за обвинетиот.

37 обвинети во главниот процес

Во главниот процес на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти кои, според обвинението, директно довеле до трагедијата во „Пулс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy