
Одбраната не може да ја најде доказ снимката која го покажува Палчо во банка за време на убиството!
Одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо еден час не може да ја најде снимката која сакаат да ја презентираат како доказ дека за време на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Палчо бил во банка.
Како што кажаа, во списите на предметот не се наоѓа таквиот видео запис, но и дека немаат софтвер за преглед на тие камери.
Според нив, станува збор за видео од камера на сејфт сити од ден 22.11.2023 година на нов мост Железничка станица, по што судијата укажа дека сите докази од предметот се во списите и одбраната може да изврши увид.