Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбраната на обвинетите во Ласкарци побара ослободителна пресуда
Магазин

Одбраната на обвинетите во Ласкарци побара ослободителна пресуда

21/12/2023

AA

Одбраната на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“ денеска во Основен кривичен суд Скопје во завршните зборови побараа ослободителна пресуда за обвинетите.

Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува битието на обвиението што му се става на товар на обвинетиот. 

Таа даде осврт на изведените докази, со акцент на тоа дека второобвинетиот нема непосредно дејствие, бидејќи пропустите, како што рече, се однесуваат на пропусти во сообраќајот.

– Ниту еден доказ од доказите не значи дека го исполнуваат битието на обвинението што му се става на товар. Бараме ослободителна пресуда бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека го сторил делото, рече таа.

Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, двокатката, Ружа Томеска, исто така потенцираше дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда. 

– Во неговите дејствија не се консумирани сите битни елементи за кривичното дело, рече таа.

Таа се осврна на сведочењата на оштетените кои што, како што рече, тврделе дека возачот не кочел што, според неа, упатува на тоа дека случувањето на несреќата е субјективен фактор.

Второ и третообвинетиот се приклучија кон завршните зборови на нивните бранители.

Завршни зборови по паузата треба да дадат и одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски,  петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули.

Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.

Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови наведоа дека во постапката не се долажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ , Дурмиш Белули, во чиј автобус при незгодата загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години. 

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy