
Одбраната на Нацев вели „Рубикон“ бил само оператор на услуги, а не одговорен за протоколите во Пулс
Клучниот аргумент на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани и „РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС“ е непостоењето на писмен договор за физичко обезбедување помеѓу „Рубикон“ и кабарето „Пулс“.
Адвокатот потенцираше дека без таков договор, не може да се утврдува вина за непочитување на безбедносни протоколи.
„Во конкретниот случај, Рубикон бил единствено оператор на услуги. Да било побарано патролно обезбедување, ќе се вршело тоа, но обвинетиот не може да се товари за неисполнување обврски кои законски или договорно не постоеле“, истакна одбраната.
