
Одбојкарите ги почнаа подготовките за квалификациите за ЕП, Љафтов се врати во составот
Пред македонската селекција се два квалификациски дуели, прво на 17. август гостуваме во Грузија, а на 25. истиот месец сме домаќини на Грција.
Во составот на Македонија се враќа Александар Љафтов кој не беше дел од Европската златна лига.
„Се собравме во Маврово, прв ден, денеска почнуваме со подготовките за квалификациите за Европското првенство. Пред нас е многу напорна работа, два многу важни натпревари против Грузија и Грција. Ќе се подготвиме максимално и се надевам на две максимални победи, за наредното лето да влеземе растеретени, да ни треба само една победа за пласман на Европското првенство“, изјави Љафтов.

