Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбиени 19 жалби, 3 лица добија куќен притвор во случајот со пожарот во Кочани
Македонија

Одбиени 19 жалби, 3 лица добија куќен притвор во случајот со пожарот во Кочани

27/03/2025

AA

Основниот суд во Кочани информира дека постапувал по 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во Кочани од кои одбиени се 19 жалби и за тие лица останува мерката „притвор“, додека за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат мерката „притвор“ е заменета со „куќен притвор“.

– По донесените 24-решенија за определување на мерката притвор, беа поднесени 22-дваесет и две жалби од осомничените. По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани и одлучи за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор,и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост -привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање, појаснуваат од Основниот суд во Кочани.

Против одлуката на Основниот суд од Кочани за замена на притворот со куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници се поднесени жалби од страна на Основното јавно обвинителство пред Апелацискиот суд во Штип по кои се постапува. 

– Против 1-едно од решенијата на Советот од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани со кое е приначена мерката притвор со куќен притвор, нема изјавено жалба и истото е правосилно, велат од Основниот суд во Кочани.

Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy