![Одбележан роденденот на маестро Џамбазов](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/425522934_811720074301770_8281854634428447702_n-850x560.webp)
Одбележан роденденот на маестро Џамбазов
Игор Џамбазов и Општина Центар го одбележаа роденденот на маестро Александар Џамбазов
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на својот Фејсбук профил објави фотографии од настанот.
„Маестрото Џамбазов денеска не собра сите во Дебар Маало. Со неговите хитови, во изведба на поранешните „Златни славејчиња” се потсетивме на нашата младост и детство. Навистина прекрасни мигови, овековечени во муралот што останува како траен спомен за големиот маестро во нашиот Центар, во боемското срце на Скопје. Му благодарам на Игор Џамбазов за соработката, за овој прекрасен настан и за емоциите кои ги покрена во нас“, напиша Горан Герасимовски.
На настанот присуствуваа и претседателот на државата, Стево Пендаровски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.