Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Македонија

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

21/02/2023

AA

Со рецитирање на „Тешкото“ и „Везилка“ како стихови на еден од великаните на современата македонска историја, учениците од основното училиште „Блаже Конески“ денеска го отворија настанот кој се организира во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој со поддршка на УНЕСКО се одржува на 21 февруари секоја година.

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој се заблагодари на учениците и наставниот кадар за придонесот кои тие го даваат за чување и негување на македонскиот јазик.

-Јазикот е духовна татковина и комуникациски код, преку кој ја изразуваме својата посебност – почитта кон својот мајчин јазик е почит кон традицијата и кон предците што го зачувале јазикот. Преку јазикот, на автентичен начин им го пренесуваме на идните поколенија она што сме го наследиле од нашите предци. Оттука, борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот – истакна Муцунски.

Освен градоначалникот Муцунски свои обраќања и посвети кон важноста од обележување на Денот на мајчиниот јазик имаа директорката на училиштето Виолета Ристовска, одделенскиот наставник и добитникот на наградата „13 ноември“ Јадранка Клисарова, Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик и Татјана Димовска Атанасова од ARS Lamina.

Како дел од активностите за одбележување на Меѓународниот ден беа презентирани и наградените стихотворби напишани од учениците на општинскиот конкурс на темата „Јазикот на мојот дедо и прадедо“. Во стилот на Блаже Конески и другите македонски писатели, тие ги рецитираа творбите посветени на важноста од зачувувањето на писменоста, делата на нашите предци и посебноста на македонскиот јазик, народ и идентитет.

Од страна на издавачката продукција на ARS Lamina во рамките на кампањата за збогатување на книжниот фонд на училиштата во Аеродром, беа донирани 100 книги кои ќе бидат наменети за учениците на ова основно училиште.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy