ОД ВУЧИЌ ДОЗНАВ ДЕКА ЌЕ ИМА ВОЈНА ВО УКРАИНА – познат австриски дописник ги откри деталите, еве што му рекол српскиот претседател
Дописникот на австрискиот јавен сервис ОРФ од Западен Балкан и Украина, Кристијан Версиќ, кој е вистинска ѕвезда во Австрија поради известувањето од бојното поле, ја претстави својата книга „Мојот новинарски живот“, која, како што вели, содржи претежно приказни од Југоисточна Европа.
Колку Версиќ го сакаат во Австрија говори и податокот дека книгата која неодамна беше објавена веќе е продадена во повеќе од 21.000 примероци, па на овој одличен новинар му беше доделена и „Златна книга“.
При секоја промоција на книгата, како и при изведувањето на неговата новинарска работа, најчестите прашања се однесуваат на неговиот престој на бојното поле.
Така, при презентацијата на книгата организирана од „Политичката академија на Народната партија на Австрија“, тој беше прашан кога сфатил дека во Украина ќе избие војна.
– Знаев дека ќе има војна на 20 декември 2021 година, по интервјуто со претседателот на Србија, Александар Вучиќ – одговори Вершиќ.
Вучиќ, потсетува Вершиќ, го посетил рускиот претседател Владимир Путин неколку недели пред интервјуто.
– Го прашав по интервјуто дали можам да прашам нешто друго во врска со Украина. Тогаш го прашав, бидејќи Украина планира воени вежби со НАТО – што може да се случи. На тоа добив одговор од Вучиќ: Претпоставувам дека нема да има време за никакви воени вежби со НАТО. Тој додаде дека стравува дека САД и Европејците не го сфаќаат сериозно Путин – објави Версиќ.
