
Од утре повторно поевтинување на сите горива
Од утре повторно се намалуваат цените на горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика.
За два денари се намалуваат цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.
Од полноќ следуваат следните цени
Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,620 (денари/килограм)
