
Од утре период на релативно топло време – временска прогноза до Нова година
Од утре следува период на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.
Времето денес (23.12.2023 год.): Во најголем дел од земјава сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува умерен, а во западните делови и на планините повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Магливо, попладне видливоста ќе се зголеми и ќе дува слаб северозападен ветер.T= 7 °C, P= 975 hPa, U= 60 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
