Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Од тој ден јас сум само физички жив, како фигура, а внатре сум мртов“, рече татко на жртва од „Пулс“ 
Македонија

„Од тој ден јас сум само физички жив, како фигура, а внатре сум мртов“, рече татко на жртва од „Пулс“ 

10/05/2025

AA

„Како можете да објавите моја фотографија за „Татко на годината“ кога од 16 март до денеска јас веќе не сум татко и нема никогаш да бидам татко, затоа што ми го убија единствениот син“, ова го изјави денеска на петтиот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани човекот чиј син единец загина во пожарот во „Пулс“.

„Веќе никој не ме нарекува татко, а не можам ни да бидам татко на 60-годишна возраст поради нашите убијци. Од тој ден јас сум само физички жив, како фигура, а внатре сум мртов. Обвинители и судии внимавајте како ќе судите, затоа што за виновните бараме по една година затвор за секое мртво дете и по половина година за секое повредено дете. Тоа се најмалку 115 години, како во Турско време. Судете праведно, а ако нема правда зошто само да шетаме мирно, и онака ние сме мртви, не терајте нѐ да има „селска буна“ – рече тој.

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на денешниот протест уште еднаш побараа одговор од надлежните кој дозволил да настрадаат толкав број млади луѓе.

– Веќе не се плашиме од никого, освен од Бога. Затоа поставуваме прашање до министерот Тошковски и до премиерот Мицкоски кој им дозволи на демоните да ги убијат нашите ангели. Зборуваме јавно и гласно, не сакаме тајни средби, кога ќе добиеме одгoворот ќе бидеме смирени – рече мајка чиja ќерка почина во трагедијата.

Тие нагласија дека ќе очекуваат правична судска постапка, за да има правда за нивните деца, но во спротивно како што изјави тие подготвени се своите барања да ги достават и до Судот за човекови права во Стразбур и ќе бараат поддршка од еминентни домашни и странски правни експерти и адвокати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy