
ОД СИН НА ТАКСИСТ ДО СОПСТВЕНИК НА ПОЗНАТ СИНЏИР КАФЕ – РЕСТОРАН: „Како дете ручекот таму го сметав за луксуз“
Кариерата на LinkedIn на Пано ХристоУ, извршен директор на британскиот синџир
за храна и кафе Pret a Manger, стана вирална преку ноќ на Твитер.
Сликата од екранот, која го покажува неговиот деветнаесетгодишен
пораст на врвот, достигна над 3 милиони прегледи на платформата, пишува
Business Insider.
– Има многу причини зошто не треба да му се заканувате на
детето дека „можеби ќе заврши во Мекдоналдс“. Но, ова е исклучетлно – се вели
во еден од коментарите.
Имено, господинот ХристоУ, пред да се вработи во гореспоменатиот британски ланец во 2000
година, работел во Мекдоналдс.
Друг корисник истакна дека извршните директори на Walmart и
Best Buy имале слични развојни
патишта во кариерата. Всушност, извршниот директор на Walmart, Даг
Мекмилон, од истовар на камиони за компанијата како тинејџер, стана извршен директор на компанијата во
2014 година.
Минатата година Христоу изјави за Тајмс дека пораснал како син на таксист, па ручеците во Pret a Manger ги сметал за луксуз.
Студијата на LinkedIn од 2018 година, која опфати преку 12.000
профили на извршни директори, покажува дека нивните најчести први работни места
биле како софтверски инженер, консултант или аналитичар.
Како и фактот дека 80 отсто од извршните директори доаѓаат
надвор од компанијата. Приказната на Пано Христоу е уште помоќна.
„Фајненшл тајмс“ во јули минатата година објави дека Христоу заработил повеќе од 4 милиони
фунти или над 5 милиони долари во 2021 година.
ФОТО: Linkedin