
ОД ПРВИ ЈАНУАРИ: Вработувања во јавен сектор без потпис од Бесими
Од следната година вработувањата во јавниот сектор и администрацијата ќе се реализираат без досегашниот потребен потпис од Министерството за финансии.
Ова министерот за финансии Фатмир Бесими на брифингот со новинарите го најавил со измените на Законот за Буџет кои ќе стапат во сила на почетокот на следната година.
Тоа значи дека министерства, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, дирекции, агенции и заводи ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.
Според Бесими, станува збор за децентрализација на вработувањето, а работодавачот ќе може да вработува на своја одговорност, односно само со изјава од раководно лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување.
Министерството за финансии досега мораше да даде известување за обезбедени финансиски средства, познато како ,,согласност” за вработување, па дури потоа институцијата објавуваше оглас.