Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАДЕЖНИШТВО ДОБРО СЕ ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА – како „Фабрика Карпош“ направи добивка од 650 илјади евра
Економија

ОД ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАДЕЖНИШТВО ДОБРО СЕ ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА – како „Фабрика Карпош“ направи добивка од 650 илјади евра

13/03/2024

AA

Скопската
„Фабрика Карпош“ ги објави финансиските извештаи за минатата година, а Билансот
на успех говори дека оваа компанија остварила чиста добивка од близу 650 илјади
евра.

Во
однос на истиот период лани тоа е ппораст за цели 45 отсто, што е резултат за
почит за оваа скопска компанија.

Билансот
на успех говори дека „Фабрика Карпош“ лани целосно работела на домашниот пазар,
па сите нејзини прихподи кои тежат дури 15 милиони евра, се всушност приходи од
продажба на домашниот пазар, и кај нив е регистрирано зголемување од 22
проценти.

Додека,
пак, трошоците во компанијата се всушност трошоците на продадени производи и
услуги и тие во целата мината година тежеле 12,7 милиони евра, што е
зголемување за цели 50 проценти.

Финансиските
приходи бележат намалување во однос на отварувањето во  претходната година, а финансиските расходи
бележат благ пораст во однос на претходната година.

Во
своето образложение на финансиските извештаи од компанијата нагласиле дека к
омпанијата
продолжува интензивно да инвестира и во текот на 2023 година, како и дека вкупните
инвестиции лани изнесувале дури 980 илјади евра, а со нив главно се купиле машини
и транспортни средтва, но битно е дека било вложено и во нов производен погон.

Во
текот на 2023 година не била донесена одлука за исплата на дивиденди.

„Фабрика
Карпош“ има и нешто кредити, односно в
купните
обврски по краткорочни кредити на крајот на минатата година изнесувале 358
илјади евра, и тие пари биле наменети за набавка на основни средства. Кредитите
имаат незначително учество во вкупната пасива на друштвото, се вели во
образложението на финансискиот резултат.

За наредниот
период се најавува дека преку зголемување на конкурентноста и поефикано
работење се очекува да се оствари 
зголемување на реализацијата, односно склучување на нови договори, со
цел  да се одржи  пазарната позиција на компанијата на високо и
квалитетно ниво.

Фабрика Карпош АД Скопје е друштво за
проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови,
индустриски објекти, мостови и далноводи.

Со близу 77 отсто доминантен и единствен најголем сопственик во „Фабрика Карпош“ е Градежен институт Македонија. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy