Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД ОВА МЕСТО ИЗЛЕГУВААТ ИДНИТЕ ЛИДЕРИ НА МАКЕДОНИЈА: Воената академија прослави 30 години
Македонија

ОД ОВА МЕСТО ИЗЛЕГУВААТ ИДНИТЕ ЛИДЕРИ НА МАКЕДОНИЈА: Воената академија прослави 30 години

04/09/2025

AA

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје со свеченост ја одбележа 30-годишнината од своето основање. На настанот присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Министерот Мисајловски истакна дека военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри. Тој порача дека академијата во изминатите три децении прераснала во значајна високообразовна институција не само во државата туку и во регионот. Успехот, според него, се должи на посветеноста на образовниот кадар кој ги гради младите питомци во професионалци подготвени за лидерски улоги.

„Академијата преку своите наставни програми во чии рамки се изучуваат и лидерските способности на личности како генерал Апостолски и други значајни личности од македонската историја, поставува цврсти темели за едукација на кадри подготвени да го следат заветот на нашите национални херои“, рече министерот.

Тој го нагласи и регионалниот карактер на Академијата, која преку едукација на питомци од соседните земји ја зајакнува соработката и дијалогот и создава мрежа на идни офицери подготвени за интероперативност. Мисајловски му честиташе на новиот декан, полковникот Ненад Танески, и му се заблагодари на досегашниот декан, полковникот Митко Богдановски, за неговиот придонес.

Новиот декан, полковникот Танески, истакна дека во овие 30 години, Академијата се изградила како единствена воена високообразовна институција во државата. Тој посочи дека од првите генерации до денес, низ обуката поминале 1.234 питомци, од кои 74 странци од НАТО и партнерските земји, кои станале офицери, лидери и врвни професионалци.

Во рамките на свеченоста беше промовирана и монографијата „30 години Воена академија“, дело кое ја обележува историјата и достигнувањата на институцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy