Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од ноќеска започнува изборната кампања за локалните избори
Македонија

Од ноќеска започнува изборната кампања за локалните избори

28/09/2025

AA

Со полноќ започна 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, додека вториот круг е закажан за 2 ноември.

Ова ќе бидат осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои граѓаните ќе избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Градот Скопје. На изборите ќе учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 советнички листи со вкупно 10.490 кандидати.

Државната изборна комисија на седница минатиот петок го заклучи Избирачкиот список, во кој се запишани 1.832.415 избирачи. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека право на глас имаат и 112.000 граѓани кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор, како и 450 избирачи сместени во домови за стари лица.

Увидот во Избирачкиот список траеше 20 дена, во кои граѓаните можеа да ги проверат своите податоци и да поднесат барања за корекции.

Во државата ќе бидат отворени 3.480 избирачки места, а на 132 од нив, каде што има запишано помалку од десет гласачи, изборите ќе се одржат на најблиското избирачко место.

Буџетот за спроведување на изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголемиот дел се средства за медиумско покривање и платено политичко рекламирање. Дополнително, предвидени се трошоци за надоместоци на членовите на избирачките одбори, како и за транспорт и дистрибуција на изборниот материјал, што е обврска на општините.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица со поделени надлежности меѓу градот и 10-те скопски општини. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со акт објавен во „Службен весник“.

Досега локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СЕ ВЛОЖУВА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПСКИОТ

02/12/2025
Македонија

ОБВИНЕТИТЕ ВО ПРЕДМЕТОТ „КОЧАНИ“ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНУВААТ ЗА ВИНА Со

02/12/2025
Македонија

МУХАМЕД ХОЏА ЗА ЕКОЛОГИЈА, БЕКИМ САЛИ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА Собранието

02/12/2025
Македонија

НЕМАМ НАМЕРА ДА БАРАМ ЧЕТВРТ МАНДАТ ВО ПАРТИЈАТА Мицкоски вели

02/12/2025
Македонија

ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ ЗА МЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ СЕ ЧИСТА КЛЕВЕТА Мицкоски

01/12/2025
Македонија

„СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ ДОБИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД И ПАРКИНГ Посетата

01/12/2025
Македонија

МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе

01/12/2025
Македонија

НАПРОЛЕТ ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најави кадровски освежувања

01/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38360
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СЕ ВЛОЖУВА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК Истурањето пари во СЈО

02/12/2025

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 Степени“  на МТВ, прашан за финансирањето на правосудството и извештајот на Советот на

ОБВИНЕТИТЕ ВО ПРЕДМЕТОТ „КОЧАНИ“ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНУВААТ ЗА ВИНА Со воведни зборови на одбраната продолжува

02/12/2025

Со изјаснување на обвинетите за тоа дали се чувствуваат виновни или не се чувствуваат виновни по наводите на обвинителниот акт,

МУХАМЕД ХОЏА ЗА ЕКОЛОГИЈА, БЕКИМ САЛИ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА Собранието ги доби новите предлози за

02/12/2025

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од Вреди, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy