Од „Нема правда, нема мир“ на СДС до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем, Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ денеска остро ја критикуваше состојбата во правосудството, обвинувајќи дека довербата на граѓаните во судството и обвинителството е на историски минимум. Во соопштението, партијата посочува дека надежта за правда, која ја промовираше СДСМ со слоганот „Нема правда, нема мир“, завршила со клиентелизам и непостапување по наводите за криминал. Партијата го именува јавниот обвинител Љупчо Коцевски […]