Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од Крива Паланка до Куманово за 40 минути
Македонија

Од Крива Паланка до Куманово за 40 минути

04/01/2025

AA

Со новиот експресен пат од Страцин до Крива Паланка ќе се патува 10 минути. Од Крива Паланка до Куманово пак наместо еден час, ќе се стигнува за 40 минути. Патот е во должина од 25 километри, и е дел од Коридорот 8. Изградбата почна во 2018-та, а интензивно се работеше последниве шест месеци. Надлежните задоволни од реализираното. Најавуваат проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин. Делницата би требало да овозможи економски развој, но и побрз и безбеден сообраќај.

„Овој пат сигурно ќе го забрза протокот помеѓу главниот град Скопје и истокот на Македонија. Ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата од левата и десната страна на овој нов експресен пат да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвораат нови фабрики“, рече министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Овој пат е на коридорот 8 и е главна поврзница со Бугарија, Турција и со останатиот дел од Европа. Во соработка со Владата и министерството за транспорт и врски планираме проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин ќе почнеме и со планирање на клучка кај Гиновци“, нагласи директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Премиерот Мицкоски побара капиталните проекти да не се користат за политички поени. Најави дека со иста динамика ќе продолжат градежните работи и на другите патишта низ земјава.

„Набргу од денеска ќе присуствуваме на пуштање на уште една делница дел од Коридор 10 Д, потоа првата делница од пругата која исто така со децении е ветувана, се забрза и изградбата на автопатски делници од коридор 8 и 10 од Гостивар до Букојчани, од Кичево до Охрид од Прилеп до Битола“, нагласи премиерот Мицкоски.

На експресниот пат има изградено три клучки и ист толкав број мостови.

Изградбата на експресниот пат Страцин-Крива Паланка чини 102 милиони евра од кои најголем дел се обезбедени како заем од Светската банка, а помалку 14 милиони евра се од Инвестицискиот фонд како грант.

Извор: МРТ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy