
ОД ФИРМА БЛИСКА НА ЗАЕВИ И НА СДСМ УТРОВО ОДЗЕМЕНИ 21 ТОН КАНАБИС Полициска акција во Струмичко

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните акции против нелегалната трговија со марихуана. Утрово, во координирана и обемна полициска операција, од фирмата „CBD Medplant“ од Босилово, Ново Село, се запленети 21 тон марихуана.
Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации до кои дојде редакцијата, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Коцев, со прекар М`гчев.
Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.
Полициската акција отвора сериозни прашања за злоупотреба на законските можности за производство на канабис, како и за можната политичка заштита и мрежите што стојат зад овој бизнис.
Од МВР најавуваат продолжување на истрагата и целосно расчистување на случајот.
.

