Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила
Економија

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

01/06/2023

AA

Португалската
агенција за заштита на животната средина го одобри отворањето на голем рудник
за литиум на северот на земјата, што би можело да го зголеми производството на
електрични автомобили во Европа.

Сопственикот на идниот рудник, Savannah Resources, веќе ја
поздрави одлуката. Станува збор за британска компанија, која доби одобрение за
проектот во 2021 година, но мораше да направи некои измени во плановите.

Португалската агенција за животна средина сега објави дека
го одобрила барањето, а Savannah Resources се надева дека конечно ќе добие
зелено светло за проектот за рудникот до 2024 година.

Британските сопственици, сепак, ќе мора да се усогласат со
голем број мерки, како што се ограниченото отстранување на вегетацијата од
областа на проектот, забраната за пумпање вода од блиската река и уредување по
завршувањето на ископувањето на литиум, објави Сеебиз.

Исто така, треба да подготват и „социјално-економски
компензациски пакет“ за општините каде што ќе се наоѓа рудникот.

На екстракцијата на литиум се противат португалските
екологисти и локалната заедница во селото Ковас до Баросо, кое е класифицирано
како заштитено подрачје поради неговото земјоделско наследство.

Пред се бараат поголема транспарентност и построга
регулатива од надлежните.

Северот на Португалија, инаку, се смета за една од
најбогатите области со литиум на Стариот континент, а оваа европска земја во
моментов е најголем производител. Но, литиумот се продава исклучиво на
керамичката индустрија.

Практично нема
производство на висококвалитетен литиум, кој е потребен за производство на
автомобилски акумулатори. „Savannah
Resources“ планира да лансира нов рудник за литиум до 2026 година, а неговото
отворање се очекува да и помогне на Европа да стане самодоволна во снабдувањето
со оваа стока, која главно се ископува во Австралија, Јужна Америка и Кина.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy