Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од двојкаш во средно, до претензии за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“
Македонија

Од двојкаш во средно, до претензии за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

10/03/2025

AA

Меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ се најде и двојкаш.

Се работи за професорот Блерим Саити кој според објавеното свидетелство од ТВ Клан, втората година во средно не му била најсјајна, па така може да се види дека сите оценки по предметите му се двојки.

Просекот на Саити, кој претендира да застане на чело на Универзитетот, му го крева само една четворка и тоа по ликовно.

Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а негов противкандидат е Беким Фетаји, редовен професор на Факултетот за информатички науки при истиот Универзитет.

По двојките во средно, Саити дипломирал и магистрирал на Институтот за физичка култура на Универзитетот во Тирана, а докторирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот опонент Фетаји пак е информатички инженер, и средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерација.

Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, додека во Грац, Австрија станал  доктор по технолошки науки.

Изборот за нов ректор е во среда, а гласањето е тајно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ATV возило оштетило скијачки патеки на Попова Шапка – случајот

27/01/2026
Македонија

ДРОГА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА Полицијата пронајде марихуана и вага

27/01/2026
Македонија

Најстудено денеска на Попова Шапка, измерени -1 степен

27/01/2026
Македонија

13-годишно дете пронајдено во Тетово

27/01/2026
Македонија

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници

27/01/2026
Македонија

Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!

27/01/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот

27/01/2026
Македонија

912 ПАКУВАЊА СО ТОКСИН ВЕЌЕ СЕ ПРОДАДЕНИ Родители, веднаш вратете

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40683
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ATV возило оштетило скијачки патеки на Попова Шапка – случајот пријавен во полиција

27/01/2026

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека на скијачките патеки било регистрирано лице кое со ATV возило неовластено влегло на теренот и

ДРОГА ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА Полицијата пронајде марихуана и вага во службен ходник

27/01/2026

Во ходник од службените простории на Казнено-поправната установа Затвор Битола биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, прашкаста материја

Најстудено денеска на Попова Шапка, измерени -1 степен

27/01/2026

Според податоците од УХМР, денес максималната температура се движеше од -1 до 12 степени Целзиусови. Најниска температура од -1 степен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy