Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од денеска плаќаме поскапа струја
Економија

Од денеска плаќаме поскапа струја

01/01/2025

AA

Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска е поскапа за 0,92 проценти, според претходно донесената одлука на Регулаторната комсиија за енергетика.

ЕВН Хоум, побара цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари да се зголеми за 4,4 проценти. Претходно РКЕ за седум проценти ја намали мрежарината, а ЕСМ  понуди цена од 62 евра за мегават час и покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини на тендерот на универзалниот снабдувач.

На почетокот на минатиот месец РКЕ донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува за 19,8 проценти. 

Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките за струја е 4 проценти, цената за дистрибуција влијае 33 проценти врз крајната цена, а цената на МЕМО влијае само 0,19 проценти. Вкупно трите ставки влијаат со 38 проценти врз крајната цена за потрошувачите.

-Успеавме да ја намалиме мрежарината поради тоа што одредени компании имаа повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ и тоа ни овозможи да се доведеме во ваква поволна ситуација. Во моментов, домаќинствата ја плаќаат мрежарината по 2,3 денари, а од 1 јануари ќе изнесува 2,14 денари по киловат час потрошена електрична енергија, појасни тогаш првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ и лани во јуни донесе одлука за минимално зголемување од 0,4 отсто на цената на струјата од 1 јули до крајот на 2024 година. При тоа цената на електрична енергија за домаќинствата во прв блок остана иста, во втор блок имаше зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, а цената на евтината струја се зголеми за 0,65 проценти. 

Со тоа, како што тогаш појасни Бислимоски, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво се зголеми за 0,48 проценти, а за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот се зголеми за 0,57 проценти. 

-Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени ни овозможи тоа што на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од  60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во Собранието кои овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти, прецизира тогаш Бислимоски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy