Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од денеска е задолжително поседувањето зимска опрема во возилата, сите да придонесеме за побезбеден сообраќај
Македонија

Од денеска е задолжително поседувањето зимска опрема во возилата, сите да придонесеме за побезбеден сообраќај

15/11/2023

AA

Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност денеска (15.11.2023) во Скопје отпочнаа со реализација на кампањата „Користи зимска опрема“, а во врска со законската обврска од 15 ноември до 15 март за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска потенцира дека активностите имаат за цел да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во овој период, како и да се дадат препораки за одговорно управување со моторно возило и насоки за подготовка на возилата за возење во зимски услови. „На овој начин ќе се постигне поголема безбедност на сообраќајот при неповолни временски услови во зимскиот период и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Кампањата ќе се спроведува во повеќе градови, а на возачите ќе им поделиме и едукативен материјал со препораки за користење на задолжителна зимска опрема и проверка на возилото“, рече м-р Гордана Кожуваровска, апелирајќи до возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да го прилагодат возењето според условите на патот, да држат соодветно растојание и задолжително да користат зимска опрема, со што ќе придонесат за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски рече дека само со континуирани превентивни кампањи можеме да го постигнеме посакуваното ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата. „Започнуваме кампања за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови, апелираме секој возач да го подготви возилото за зимата која претстои и да ги почитува прописите за задолжителна зимска опрема. Овој пат објавивме и летоци со неколку совети за возачите како побезбедно да управуваат со своите возила. Заедно со нашите партнери МВР и РСБСП ќе продолжиме активно да работиме за нашите пораки за одговорно и внимателно возење да стигнат до секој учесник во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е заедничка грижа! Да ги почитуваме прописите за заедничко добро“, рече Дујовски.

Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека секој учесник во сообраќајот мора да ги почитува сообраќајните правила. „Од сите нас зависи безбедноста во сообраќајот. Доколку ги почитуваме правилата, ќе имаме целосно безбедни улици и патишта. За оние пак кои не ги почитуваат правилата, ќе следат и соодветни санкции. Од денеска почнува и обврската за поседување на зимска опрема во возилата, која е многу важна за безбедно учество во сообраќајот во овој период.

Покрај тоа, апелираме до учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, рече Ангеловски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy