
Од денес нова цена на струјата, „тие што трошат помалку струја, ќе имаат пониски сметки“
Владата нема да се повлече од намерата ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар да се зголеми од 10 на 18 отсто од 1 јули, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими.
Одговарајќи на новинарско прашање, зошто Владата не се ангажирала струјата и натаму да има ДДВ од 10 отсто, Бесими додаде дека нема да има законски интервенции.
Според Бесими се прават пресметки и наскоро ќе се знае каков е ефектот на блок тарифите и во однос на ДДВ-то.
„Со блок тарифите се таргетира поддршката за електрична енергија на домаќинствата што се со пониски примања, каде што има и програма во Министерство за економија, но и во однос на блок тарифите се постигнува тие што трошат помалку, добиваат пониска цена“, вели Фатмир Бесими.

