Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИРМАТА НА ДРИН АХМЕТИ ДОБИ ПАРИ И ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ – Еве колку пари ќе им легнат на сметката
Економија

ФИРМАТА НА ДРИН АХМЕТИ ДОБИ ПАРИ И ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ – Еве колку пари ќе им легнат на сметката

01/07/2023

AA

Иако Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на конференцијата за медиуми што ја одржа минатата недела рече дека неговите деловни успеси воопшто не зависат од позицијата на неговиот чичко. 

Сепак се почесто во медиумите се објавува дека неговите фирми се директно зависни од одлуките на некои државни институции – концесии за варовник и хидроцентрала и најновото – за иновации од Фондот за иновации и технолошки развој.

На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации, пишува „МКД.мк“.

р

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).

е

Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.

с

На фотографијата се и Бесиан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили


Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра, објавува „МКД.мк“.

На самата пресконференција младиот Ахмети не откри од каде му се пари за купување на трговскиот центар, туку само обзнани дека ќе го преземат долгот од 20 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 1 јули започнуваат уписите во Средното полициско училиште

21/06/2026
Македонија

Почнува редовната авиолинија Охрид – Виена: врска со уште една

21/06/2026
Македонија

Денеска официјално почнува летото!

21/06/2026
Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

21/06/2026
Македонија

Со возило удрил во тригодишно девојче кое возело велосипед во

21/06/2026
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од 1 јули започнуваат уписите во Средното полициско училиште

21/06/2026

Министерството за внатрешни работи, преку Полициската академија, ги повикува заинтересираните ученици да се запишат во Средното полициско училиште и да

Почнува редовната авиолинија Охрид – Виена: врска со уште една европска престолнина

21/06/2026

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“, со

Денеска официјално почнува летото!

21/06/2026

Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy