
Од четврток се враќа сонцето – еве какво ќе биде времето во следните 7 дена
Почетокот на оваа недела ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, која ќе донесе дожд и пониски температури низ целата земја.
Во понеделник, вторник и среда (6–8 октомври) се очекуваат повремени врнежи од дожд, со дневни температури меѓу 13 и 14 степени, а утринските ќе се движат околу 11 степени.
Од четврток (9 октомври) времето ќе се стабилизира, со делумно сончеви периоди и пораст на температурите — дневната ќе достигне до 19 степени, а во петок (10 октомври) до 20 степени Целзиусови.
Нов пад на температурите и повторни врнежи се очекуваат во сабота (11 октомври), кога максималната температура ќе биде околу 16 степени, додека неделата (12 октомври) ќе донесе постудено, но суво време, со температури до 12 степени.
Според прогнозите, утринските часови ќе бидат посвежи, особено во петок и недела, кога минималните температури ќе се спуштат до 7 степени.
Метеоролозите најавуваат дека по викендот можно е ново стабилизирање на времето, со постепен пораст на температурите.
