Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД БЕЛГРАД ДО ТОКИО ДИРЕКТЕН ЛЕТ: „Ер Србија“ воспоставува уште една далечна дестинација
Регион

ОД БЕЛГРАД ДО ТОКИО ДИРЕКТЕН ЛЕТ: „Ер Србија“ воспоставува уште една далечна дестинација

17/10/2024

AA

Авио
компанијата „Ер Србија“ во следните шест месеци ќе воспостави директен лет на
линијата Белград-Токио, изјави
српскиот претседател Александар Вучиќ и посочи дека поврзувањето со
Јапонија е од најголемо значење за
земјата.

„Ќе дадеме се од себе за да ја воспоставиме оваа линија во
следните шест месеци“, рече Вучиќ на српско-јапонскиот бизнис форум: средба со
јапонската организација за надворешна трговија Џетро и ги повика претставниците
на јапонските компании почесто да ја посетуваат Србија.

Тој додаде дека со министерот Синиша Мали разговарал за
воведување на три нови директни летови од Белград, а една од нив е директна
авионска линија до Токио.

Можности за
зголемување на трговската размена

Тој посочи дека амбасадорот на Јапонија во Србија, Акира
Имамура, постојано е доследен во обидите Јапонија да и се приближи на Србија,
додавајќи дека трговската размена меѓу двете земји е помала од 350 милиони
евра, но дека ќе има можност да се зголеми во иднина.

Вучиќ рече дека научил многу кога ја посетил Јапонија пред
13 години и дека веројатно е еден од ретките политичари во светот кој знае
повеќе за јапонската историја и географија отколку политичарите од соседните
земји на Јапонија.

„Научив многу за вашиот морал, историја, за вашата напорна,
посветена работа и за напредокот на вашата земја. Посетив неколку компании,
меѓу кои и Тојота, во близина на Нагоја, но и на други места. Отидов во
Хирошима и видов дека Mazda е најпопуларниот автомобил во тој дел на Јапонија,
бидејќи сите се за нивните локални производители“, изјави Вучиќ.

Тој се присети и на неговата посета на компанијата Тојота
кога, како што вели, видел колку се посветени јапонските работници.

„Не ме ни погледнаа, не сакаа ни да ме видат, бидејќи беа
толку посветени на својата работа. И чекав 20 минути, само да им фатам око, и
не се случи. Ја искористив и вашата прекрасна железничка мрежа и тогаш си
реков: „Овие луѓе се непобедливи, не можете да направите ништо против оваа
земја. Имаат нешто што ние никогаш нема да го имаме“, изјави Вучиќ.

„Со поголемо јапонско присуство небото е граница“

Тој додаде дека Србите со векови се фрустрирани поради тоа
што Србија нема излез на море, но дека го радува тоа бидејќи, како што вели,
нашиот народ не чека природата да им даде плодови.

„Почнаа да сфаќаат дека треба да работат напорно, да се
однесуваат одговорно за да може земјата да напредува. И ние напредуваме малку
подобро и малку побрзо од другите. И со поголемо јапонско присуство, небото е
граница. Можеме да ги достигнеме и реализираме сите наши цели, можеме да ги
постигнеме и реализираме сите наши соништа“, рече Вучиќ.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy