Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА МЕКЕДОНИЈА ГО СЕЛИ ФОКУСОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА Мицкоски вели дека земјава нема да бидеме нем набљудувач на светските процеси
Македонија

🎥 ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА МЕКЕДОНИЈА ГО СЕЛИ ФОКУСОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА Мицкоски вели дека земјава нема да бидеме нем набљудувач на светските процеси

20/01/2026

AA

Денеска имавме многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија – рече премиерот Христијан Мицкоски во своето видео обраќање од Давос, по првиот ден на Светскиот економски форум, каде учествува со делегација од Македонија.

– Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани.

Но, тоа на кое што би сакал посебно да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика, каде што бев активен учесник и говорник, заедно со секретарот за енергетика на САД, г. Рајт. Панел, каде учество имаше буквално целото светско водство во енергетскиот бизнис, компании кои што доаѓаат од сите континенти, компании чии што обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои што следат, пред се енергетиката од областа на производство на електрична енергија.

– Зошто токму областа на производство на електрична енергија? Тоа што можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетика се три работи:

– Првата работа е дека во годините кои што следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот.

– Втора работа која што исто така е значајна е дека во следните десет години производните капацитети кои што треба да бидат изградени, кои што треба да произведуваат електрична енергија во светот, ќе треба да произведат вкупно 40 000 терават часови електрична енергија. Колкава е таа количина електрична енергија? Тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денес Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика толку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Затоа што во годините кои што следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и развој на центрите за податоци или т.н. дата центри, кои што работат, не на енергија, туку на електрична енергија.

– Тоа се трите факти кои што се многу важни и ние како држава тој чекор треба да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Од економија која што се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител, имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот што го нудиме во делот и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера – вели Мицкоски во своето видео-обраќање.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy