
Од јануари: Ако доцните за еден кредит, ќе имате проблем и со другиот
Од јануари следната година или за само десетина дена стапуваат во сила новините со кои банките на поинаков начин ќе ги утврдуваат нефункционалните кредити на клиентите. Овие промени всушност се однесуваат на сите граѓани што имаат по повеќе кредитни производи од една банка. Ако досега уредноста на отплатата кај еден клиент се следела одделно, по користен продукт, од 1 јануари ќе се следи вкупниот износ што клиентот го должи во таа банка, пишува Блумберг Адриа.
Ако досега уредноста на отплатата кај еден клиент се следела одделно, по користен продукт, од 1 јануари ќе се следи вкупниот износ што клиентот го должи во таа банка. Во согласност со новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност се смета достасан долг повеќе од 90 дена во континуитет, при што вкупниот износ на достасани обврски треба да е поголем од 30.000 денари и да надминува 1 отсто од целокупната искористена кредитна изложеност во банката.
Воведувајќи ги овие измени, од Народната банка потенцираа дека станува збор за регулаторни барања што почнале да се применуваат во Европската Унија, а кои треба да ја зајакнат стабилноста на банкарскиот систем. Има новини и во однос на реструктурирањето на кредитните изложености на банките кон клиентите што се соочуваат со финансиски тешкотии.
