Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД „АЛКАЛОИД“ СТИГНА ВЕСТА ШТО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАА – нето дивиденда од 567 денари по акција,зголемувањето е за 16,67 проценти, инвеститорите среќни, а ќе има и за инвестиции
Економија

ОД „АЛКАЛОИД“ СТИГНА ВЕСТА ШТО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАА – нето дивиденда од 567 денари по акција,зголемувањето е за 16,67 проценти, инвеститорите среќни, а ќе има и за инвестиции

28/02/2025

AA

Од нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ стигна веста што сите инвеститори ја очекуваа. 

А тоа е колкава дивиденда ќе подели ова наше успешно акционерско друштво, кое вчера ја објави висината на својата нето добивка за минатата година, која изнесува безмалку 28 милиони евра.

Компанијата денеска утрово преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност ги објави своите предлог одлуку за кои ќе треба да се изјасни Собранието на акционери за први април оваа година, а меѓу нив секако дека најинтересна е онаа за тоа колкава дивиденда ќе биде поделена. 

Одлуки кои треба да ги потврди Собранието на акционери се како ќе се распредели ланската нето добивка од 27,7 милиони евра.

Притоа, предвидено е делот за дивиденда и данок на личен
доход да изнесува 901.752.390 денари или 14,7 милиони евра, а делот од добивката за инвестиции ќе биде 800.817.822 денари или 13 милиони евра. 

А, она што е најважна информација за акционерите, е дека бруто дивидендата по акција ќе изнесува 630 денари, додека, пак, нето дивидендата изнесува 567 денари по акција, што е зголемување за 16,67 проценти.  

„Во согласност со долгогодишната практика во Алкалоид АД Скопје се предвидува
алоцирање на дел од нето-добивката на компанијата за дивиденда и за персонален данок,
додека, пак, остатокот е за инвестиции.
За распределба се предлага дел за дивиденда и персонален данок на личен доход во износ
901.752.390 денари. Вака распределената нето-добивка овозможува на акционерите да
им биде исплатена дивиденда од 630 денари бруто за една акција што претставува
зголемување од 16,67 отсто во однос на исплатената дивиденда за 2023 година на нето
основа.
Остатокот од добивката во износ од 800.817.822 денари се предлага да се распредели за
инвестиции како поддршка на производствените програми и бизнис потреби, а се со цел
одржување на долгорочниот раст и јакнење на Компанијата“, се вели во предлог одлуките подготвени за гласање за Собранието на акционери. 

На акционерите им се исплатува дивиденда за 2024 година во
висина од 567 денари нето, односно 630 денари бруто, за една акција.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 16.04.2025 година, а прв датум на тргување без право на дивиденда за 2024 година е 17.04.2025 година. 

Исплата на дивидендата за 2024 година ќе започне од 14 мај оваа година. 

Минатата година на акционерите им беше исплатена дивиденда по акција за претходната година од 540 денари бруто, односно 486 денари нето.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy