Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од 9-12 мај  ќе се одржи научен конгрес “Science@FEEIT” во организација Факултетското студентско собрание на ФЕИТ – годинава за прва пат со гости од регионот
Македонија

Од 9-12 мај ќе се одржи научен конгрес “Science@FEEIT” во организација Факултетското студентско собрание на ФЕИТ – годинава за прва пат со гости од регионот

03/04/2024

AA

Најновите научни истражувања, зајакнување на регионалната соработка и креирање на цврсти врски помеѓу академската и деловната заедница ќе бидат во фокусот на научен конгрес “Science@FEEIT”, која ќе се одржи од 9-12 мај 2024 година во Скопје. “Science@FEEIT” е во организација на Факултетското студентско собрание (ФСС) при Факултетот за електротехнички и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, кој годинава ќе се одржи по четврти пат. За да се зајакне соработката помеѓу студентите, факултетите и бизнис заедницата, годинава “Science@FEEIT” за прв пат ќе биде организиран на регионално ниво и ќе учествуваат и претставници на техничките факултети од регионот.

“Science@FEEIT” е платформа која служи за размена на иновациите во науката, најновите истражувања во областа на техничките науки и зајакнување на партнерствата и соработката помеѓу професорите и студентите. Покрај тоа оваа платформа има за цел и градење на цврсти мостови помеѓу студентите и деловната заедница и поголемо вмрежување. Преку овие активности “Science@FEEIT” придонесува за подигнување на квалитетот на стручни знаења но истовремено се подобрува квалитетот на кадар на пазарот на труд.

На годинешното издание на “Science@FEEIT” ќе се презентираат најновите достигнувања во неколку панели, поделени во теми. Панелите се посветени на теми како вештачка интелигенција и машинско учење, но и теми поврзани со кариерно насочување по завршување на студиите, а свои излагања ќе имаат професори, претставници од бизнис заедницата и млади истражувачи. “Science@FEEIT” е поддржан и од бизнис заедницата пред се од компании од неколку различни индустрии и тоа телекомуникации, енергетика, информатичка технологија и други полиња од областа на инженерството. Претставниците на компаниите кои ја поддржуваат конференцијата ќе имаат можност за презентација на иновациите што се имплементирани во нивното работење, а ќе можат да ги презентираат и условите за работа пред студентите кои се во завршните години од своето образование.

„Во ера на брза дигитализација, иновации, вештачка интелигенција и целосна трансформација на општествата, јакнењето на врските помеѓу академската и деловната заедница е од клучно значење. Така се овозможува размена на искуства и знаења, но истовремено се поттикнуваат иновации, нови истражувања и континуирано надоградување што е клучно за нас студентите. Наша цел е да придонесеме кон постојано унапредување на нашите знаења и зајакнување на соработката со сите релевантни страни бидејќи така ќе се стекнеме со знаења кои се бараат на пазарот на трудот и ќе придонесеме кон унапредување на едукацијата. Имаме огромна поддршка од сите наши професори и целокупниот научно наставен кадар, што е од огромно значење. Драгоцена е и поддршката од деловната заедница и се надеваме дека соработката ќе се продлабочува во следниот период“, истакнаа од Факултетското студентско собрание при ФЕИТ.

Покрај “Science@FEEIT” Факултетското студентско собрание активно работи и на организација на неколку други настани посветени на посебни сегменти од електротехничките науки какo Tech@FEEIT и Applied@FEEIT, а се работи за препознатливи научни настани со неколку годишна традиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy