Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од 173-та владина седница: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури; забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја
Македонија

Од 173-та владина седница: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури; забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

16/07/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат од утре и усвои соодветни препораки.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува од утре, 17 јули 2023 година (понеделник) и се очекува да трае во следните 10-тина дена.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова фаза.

Поради тоа, од утре продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

• Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн работа.

Односно, ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа;

• Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

• Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;

• Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи:

• Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

• Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

• Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

• Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, од 17 – 25 јули, до натамошно одлучување.

Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

Исто така, Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник).

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy