Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД 1 ЈУНИ КОМПЛЕКСОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА: Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“
Економија

ОД 1 ЈУНИ КОМПЛЕКСОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА: Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“

29/01/2025

AA

Oбјавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторантски дел.

Огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со „Македонско село“. Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.

Комплексот „Македонско село“ не функционира шест години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично досегашните финансиски загуби достигнаа сума од околу 350.000 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41531
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И НЕ ГИ ВРАЌА Обвинителството поведе

16/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело Затајување. „Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на тераса на вториот кат

16/02/2026

На улицата 14 Јуни во Македонска Каменица вчера на пладне избил пожар во приватна куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy