
Очекувано: Скалони ќе ја води Аргентина до 2026 година!
Скалони кој седна на клупата како привремено решение во 2015 година, а потоа доби сигурна работа и се соочуваше со безброј критики, во последниве година ипол освои три титули од Копа Америка во 2021 година, па Финалисима и на крај СП во Катар.
Неговото останување беше начелно договорено уште пред СП, а со освојувањето на светската круна немаше шанси да си замине од клупата и сега тој ќе ја води Аргентина во одбрана на трофеите, прво на Копа Америка идната година во САД, а потоа и на Мундијалот во САД, Мексико и Канада во 2026 година, до кога му трае сега новата соработка.