Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Очајниот Интер не победи ни во Салерно – Кандерва со еврогол ги шокира во 90-та (ВИДЕО)
Спорт

Очајниот Интер не победи ни во Салерно – Кандерва со еврогол ги шокира во 90-та (ВИДЕО)

07/04/2023

AA

После три порази во серија, Интер не победи ни на четвртиот меч во низа, па направи чекор кон излез од позициите за Лигата на шампионите, откако екс-членот на „нераѕурите“, Антонио Кандерва ги шокира со гол во 90-та минута за реми 1-1 на гости кај Салернитана на отворањето на 29-то коло во Серија А.

Иако Интер водеше после само шест минути игра откако Робин Госенс даде гол на асистенција на Ромелу Лукако, кој повторно се посрамоти со утка од два метри, „нераѕурите“ не успеаа да ја сочуваат предноста за да излезат од кризниот период, а овој нов шок им доаѓа во уште понезгодно време со разнишаната самодоверба пред првиот четвртфинален меч со Бенфика во Лигата на шампионите.

Кандерва во последната минута од регуларниот дел им даде еврогол „од паркинг“ за Салернитана да освои нов важен бод во битката за опстанок и сега со 29 е веќе на плус десет од првата во опасната зона Верона и многу близу да го задржи статусот на елитен калчолигаш.

Candreva 🫣pic.twitter.com/wdCOzFMDpt

— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) April 7, 2023

Интер, пак, дојде до само 51 бод како четврти, исто толку има и Милан кој вечерва го игра мечот со Емполи во ова коло, но Рома со 50 бода има шанса да ги истурка „нераѕурите“ од позиција за ЛШ, а Аталанта ако победи да се израмни во тесната битка за излез во мултимилионското друштво во следната сезона.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy