Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Обвинувањата се неосновани, откажан е поради слаба продажба“: Хаџиќ го демантира МВР!
Македонија

„Обвинувањата се неосновани, откажан е поради слаба продажба“: Хаџиќ го демантира МВР!

07/08/2025

AA

Ален Хаџиќ, организаторот на најавениот концерт на австралискиот диџеј Тими Трампет, остро ги демантира обвинувањата дека против него е поднесена кривична пријава за „компјутерска измама“, во врска со овој настан.

Како што наведува во својата јавна реакција, концертот бил навистина планиран да се одржи на 13 јуни 2025 година на стадионот на АРМ во Скопје, со уредно потпишани договори со артистот и соработниците, како и одобрение од Министерството за одбрана за користење на локацијата.

Хаџиќ објаснува дека единствената причина за откажување на настанот била слабата продажба на билети – биле продадени вкупно 83 билети преку 47 трансакции – при што сите купувачи биле уредно информирани и целосно обештетени во рокот наведен во официјалната комуникација.

„Ниту во еден момент не се продавале билети без постоечки договори, ниту имало намера за измама. Обвинувањата се апсолутно неосновани и штетни по нашето достоинство и углед,“ – наведува Хаџиќ.

Тој додава дека компанијата е целосно подготвена за соработка со сите надлежни институции, и по потреба ќе ги обезбеди сите документи поврзани со настанот, како и комуникацијата со купувачите и артистот.

На крајот, Хаџиќ најавува преземање правни чекори за заштита на личниот и професионален интегритет, нагласувајќи дека компанијата со години работи транспарентно во областа на организација на јавни настани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy