
Обвинителството сега ѝ нуди на Ивановска на распит да дојде по избори ако го чувствувала како притисок
Обвинителството се премисли, па сега ѝ нуди на кандидатката за градоначалник на Општина Центар да дојде по изборите на распит, ако тоа го чувствувала како притисок.
„Во меѓувреме, со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и и даде можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите“, велат од Обвинителството.
Претходно објавивме дека вчера на денот кога Ивановска објави дека е кандидат за градоначалник, вечерта полицајци дома ѝ однеле кривична пријава.
