
Обвинителството нема законска можност повеќе да го држи во затвор возачот на Палчо, па го пушти во куќен притвор
Кривичниот суд донесе одлука за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо.
Од таму со соопштение информираат дека на Димковски му се определени мерки за претпазливост.
Како што додаваат, со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци.
„По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост. По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од таму