Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството најавува жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“
Македонија

Обвинителството најавува жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

12/05/2023

AA

Откако ќе ја добиеме пресудата во законскиот рок ќе вложиме жалба. Се надевам дека Апелацискиот суд Скопје, кој е надлежен да одлучува по жалбата, ќе донесе правилна и законита одлука, изјави јавниот обвинител, Стевчо Дончев по ослободителната пресуда за случајот „Тендери“.

Откако Судот пресуди дека поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки, се ослободени од вина во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, обвинителот рече дека бидејќи постапката сè уште не е правосилно завршена, во овој момент не би коментирал детали од предметот, а сите забелешки на пресудата, како што рече, ќе ги истакнат во жалбата.

– Ако ги следевте внимателно судењата, имаше презентација на доказите во почетокот на постапката. Снимките посебно кажуваат што се случило во детали. Судот даде таква анализа, но, јас би рекол, во оваа постапка нема да коментирам сè што ќе кажеме во жалбата, рече тој.

Според бранителот на обвинетата Елизабета Канческа Милевска, адвокатот Сашо Дуковски, ниту еден суд не може да донесе поинаква пресуда од ослободителна пресуда.

– Цврсто сум убеден дека со оглед на фактите што се презентирани во оваа постапка пред сè и над сè, супервештачењето и сите други материјални и вербални докази, не може ниеден суд да донесе поинаква пресуда од ослободителна пресуда, рече тој.

Дуковски истакна дека е, како што рече, жалосно што обвинетите без каква било вина биле подложни на шестгодишна судска постапка со мерки за безбедност.

– Со потпишување во судот, со одземени патни исправи, а на крајот се докажа она што ние го тврдиме од првиот момент во оваа постапка, дека нема ниту еден единствен доказ со кој што се утврдува ова обвинение, рече Дуковски.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работата на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а обвинението го застапува јавниот обвинител Стевчо Дончев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy